ЗА НАС

Кугларскиот клуб „Макпетрол” постои веќе 30 години. Основан е со Одлуката на дел од вработените на РО „Макпетрол” преку Синдикатот, од којшто во тоа време е и финансиран, а во него членувале само вработените.

По осамостојувањето на Р.Македонија, КК „Макпетрол” се престројува и се формира нова управа која зацртува планови за развој на Клубот, а за истите добива голема поддршка од Компанијата „Макпетрол”.

Вака организиран Клубот почнува да функционира во нови услови и да постигнува врвни резултати во Македонската кугларска лига, и за овој период од 17 години има освоено:

  • Десет први места- државен шампион
  • Две втори места- државен вицешампион
  • Три трети места

На меѓународно ниво има освоено:

  • Петто место на Светскиот куп
  • Петто место во Лигата на шампиони
  • Четврто место во Евро лигата.

Во договор со Претседателот на Компанијата „Макпетрол”, а по повод сеќавањето на поранешниот генерален директор Гаврило Гаврилски, веќе 17 години се организира Меѓународниот меморијален турнир ,,Гаврило Гаврилски”, што е влезен и во Светската меѓународна кугларска асоцијација и се бодува на АТП листата на Светската асоцијација. Овој турнир е најдобар турнир на светот што досега е организиран.

 

Кугларскиот клуб „Макпетрол” е носител на 14 шампионски титули последователно во Македонската кугларска лига, односно вкупно 15 титули.
Воедно, Макпетрол е освојувач на пет Претседателски купови на Македонија во куглање.

Во меѓународни рамки, минатата година беше најуспешна за кугларскиот клуб Макпетрол, кога екипата го освои второто место во NBC купот.

КК Макпетрол во своите редови го има и актуелниот првак на Македонија во поединечна конкуренција, Сашо Трпковски, како и актуелниот јуниорски првак, Александар Соколовски.

Рекорд на клубот – 3722 (19.04.2009)

КК Макпетрол е организатор и на престижниот меѓународен турнир „Гаврило Гаврилски“ кој се традиционално се одржува во декември. Турнирот е еден од шесте официјално признаени и бодувани турнири на меѓународната кугларска федерација.