Макпетрол постави нов екипен рекорд во домашната лига

0
158

Кугларите на актуелниот првак на Македонија, Макпетрол, во дуелот против Вардар, во 3-то коло на македонската лига соборија импресивни 3.670 кегли, што е нов апсолутен екипен рекорд во лигата. Досегашниот рекорд (послаб за 62 кегли), изнесуваше 3.608, а беше сопственост на Вардар 2014, поставен пред две години.

– Секоја чест на моите играчи за начинот на кој му пристапија на овој натпревар. Покажавме дека сме способни за европски резултати доколку максимално сериозно ја одиграме секоја од сите 720 кегли во мечот – задоволно вели тренерот и играч на Макпетрол, Виктор Николовски.

Успехот против големиот ривал, кој беше совладан со 7,5-0,5 во поединечни поени и со 3.670-3.238 според бројот на вкупно соборени кегли, го најави капитенот Ибрахим Мемеди, кој собори 640 кегли, што е и најдобар резултат на колото.
Резултати, 3. коло: ИТ ТКС – Хераклеја 3-5 (3.064-3.271 кегли), ГТЦ Мусандра – 18 Август 7-1 (3.271-3.271), Макпетрол – Вардар 7,5-0,5 (3.670-3.238).

Табела: Макпетрол 6, Вардар 4, ГТЦ 2, Мусандра 2, Хераклеа 2, ИТ ТКС 0, 18. Август 0.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here